Сообраќаен режим ноќеска во дел од Тетово поради снимање филм
- Oд 19 часот вечер до 6 часот утре во Тетово ќе има сообраќаен режим поради снимање филм. СВР Тетово информира дека сообраќајниот режим ќе биде воведен на дел од улицата „Кузман Јосифоски-Питу“ и крстосница со улицата „Радован Цониќ“.

Тетово, 19 јули 2024 (МИА) - Oд 19 часот вечер до 6 часот утре во Тетово ќе има сообраќаен режим поради снимање филм. СВР Тетово информира дека сообраќајниот режим ќе биде воведен на дел од улицата „Кузман Јосифоски-Питу“ и крстосница со улицата „Радован Цониќ“.
Режимот во сообраќајот во наведениот период ќе биде регулиран и контролиран од полициски службеници.
За сообраќајниот режим соопшти и продукциската куќа што го снима филмот - „Ендер Јампимчиклик филм“ со седиште во Истанбул, заедно со сервисната продукција ДНФ Филм ДООЕЛ Скопје.
-Во Тетово ќе се снимаат дел од сцените на филмот со наслов „Мирис на минатото“ во режија на Серкан Озарслаан. Филмот веќе подолг период се снима во Тетово и Скопје и, по премиерата во Турција, планирано е да има премиера и во Македонија. Во филмот глумат познати актери од Турција, како и од нашата земја, се наведува во соопштението на ДНФ Филм ДООЕЛ Скопје. ас/хс/
Фото: МИА архива