• петок, 26 јули 2024

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер

Скопје, 23 февруари 2024 (МИА) - Времето ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 17 степени.

За време на викендот и во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Остани поврзан