• петок, 05 декември 2025

Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура ќе достигне до 22 степена

Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура ќе достигне до 22 степена

Скопје, 10 октомври 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. ев/лв/

ФОТО: Архива 

Остани поврзан