• недела, 21 јули 2024

Сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец

Сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец

Скопје, 11 април 2024 (МИА) - Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Продолжува периодот на сончево и топло време со појава на мала до умерена локална облачност. До сабота ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан