• понеделник, 29 јули 2024

Сончево и топло, до 40 степени

Сончево и топло, до 40 степени

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност, особено во планинските подрачја каде ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 33 до 40 степени. UV=8

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 38 степени.

Според УХМР; во наредните денови ќе биде претежно сончево и топло. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 60 km/h) што ќе услови благо намалување на утринската и дневната температура. мч/мд/

фото: МИА архива

Остани поврзан