• сабота, 23 ноември 2024

Приведен скопјанец за издржување казна затвор од четири години

Приведен скопјанец за издржување казна затвор од четири години

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска околу 13.30 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза" во Скопје, го лишиле од слобода скопјанецот Р.С.(23).

Од МВР соопштија дека тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.

Лицето, како што посочуваат од МВР, ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. дма/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан