• среда, 24 јули 2024

Сончево и многу топло со мала облачност

Сончево и многу топло со мала облачност

Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) - Времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 40 степени. UV=9

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, особено утре кога дневната температура наместа ќе достигнува до 40 степени. Во четврток кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Поголема промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и значителен пад на температурата се очекува во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура.

Остани поврзан