Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
- Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Како што соопштија од УХМР, попладне ќе има ретка појава на крат

Скопје, 27 јуни 2022 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Како што соопштија од УХМР, попладне ќе има ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 37 степени. УВ индексот ќе достигне 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.
И во текот на следните денови ќе се задржи сончево и топло време, во попладневните и вечерните часови со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. бт/сп/