• среда, 05 март 2025

Советот на министри на БиХ ја усвои Реформската програма, кој ќе биде доставена до НАТО

Советот на министри на БиХ ја усвои Реформската програма, кој ќе биде доставена до НАТО

Сараево, 5 март 2025 (МИА) – Советот на министри на Босна и Херцеговина ја усвои Реформската програма на БиХ за 2025 година, предложена од Комисијата за соработка со НАТО, која ќе биде доставена до седиштето на Алијансата во Брисел.

Тоа овозможува континуирана работа на институциите на БиХ на поставување на приоритети и спроведување на обврските кои произлегуваат од учеството на БиХ во програмата на НАТО – Партнерство за мир.

Програмата за реформи содржи пет поглавја и опфаќа политички и економски, одбранбени и воени прашања, прашања за ресурсите и безбедносните и правните прашања.

Советот на министри на БиХ минатата година ја усвои Програмата за реформи. Акцискиот план за членство (АНП) има за цел да им помогне на земјите кои сакаат да станат членки на Алијансата, што се состои од практична поддршка и консултации, и има за цел да им помогне на земјите во нивните подготовки за членство во НАТО. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан