Советот на Кавадарци ќе расправа за иницијативата за фабрика за третман на отпадна гума на 22 август
- Советот на Кавадарци ќе расправа за иницијативата за фабрика за третман на отпадна гума на 22 август, во рамки на редовната 45-та седница.
Кавадарци, 9 август 2024 (МИА) - Советот на Кавадарци ќе расправа за иницијативата за фабрика за третман на отпадна гума на 22 август, во рамки на редовната 45-та седница.
Ваква одлука е донесена, откако претходно, денеска, советниците Вуко Мелов и Павле Маневски писмено побараа да се расправа по иницијативата за отворање на фабрика за третман на отпадна гума.
Во меѓувреме, на градскиот плоштад веќе трет ден, во организација на граѓанска иницијатива, се собираат потписи против изградба на ваков капацитет од Г-1 индустрија, поради страв за сопственото здравје и животната средина. свд/са/
Фото: Барањето за седница и одговорот