• четврток, 07 ноември 2024

Советниците на СДСМ и коалицијата во Град Скопје бараат вклучување на сите јавни претпријатија за решавање на проблемот со сметот

Советниците на СДСМ и коалицијата во Град Скопје бараат вклучување на сите јавни претпријатија за решавање на проблемот со сметот

Скопје, 11 јули 2023 (МИА) - Советот на Град Скопје задутре ќе одржи вонредна седница по барање на советниците од коалицијата предводена од СДСМ. Едно од мерките што ќе ги предложат за решавање на проблемот со сметот во градот е вклучување на сите претпријатија.

- Во рамки на своите надлежности и во име на граѓаните Советот има обврска да дискутира за актуелната состојба во ЈП „Комунална хигиена", а СДСМ ќе предложи и мерки и активности за итно дејствување на градот. Со сиот свој човечки потенцијал, а потоа и со онаа механизација со која располагаат јавните претпријатија да се вклучат во чистењето за што поскоро целосно да се расчисти ѓубрето во Скопје и состојбата да се врати во нормала, истакна во изјава за медиумите советничката од редовите на СДСМ, Љубица Јанчева.

Според неа, оваа мерка ќе овозможи ЈП „Комунална хигиена" брзо да се врати во секојдневниот работен тек, а ќе превенира и во иднина да не се случува повторно ваков хаос. 

Јанчева рече дека очекувааат поддршка од сите советнички групи, вклучително и од мнозинството во Советот од ВМРО ДПМНЕ.

- Советот има механизми што треба да ги искористи во интерес на граѓаните и во интерес на Скопје, и во оваа насока очекуваме одговорност од сите советници, додаде Јанчева. сх/лв/

Фото: МИА 

Остани поврзан