Собрани над 60.000 евра на трката „Зегин спектратон“ во Аеродром, ќе се донираат за деца со аутизам
- Општина Аеродром денеска беше домаќин на „Зегин спектратон - трка на херои во сите бои“, при што беа собрани над 60.000 евра, што ќе бидат донирани за помош на здруженија и на клиники за работа со деца со аутизам, информираат од локалната самоуправа.
Скопје, 25 мај 2025 (МИА) - Општина Аеродром денеска беше домаќин на „Зегин спектратон - трка на херои во сите бои“, при што беа собрани над 60.000 евра, што ќе бидат донирани за помош на здруженија и на клиники за работа со деца со аутизам, информираат од локалната самоуправа.
-Во оваа хуманитарна трка учествуваа повеќе од 1.500 натпреварувачи, во сениорски и детски категории, меѓу кои и тим од вработени во Општина Аеродром, предводен од в.д. градоначалникот Дејан Митески. Честитки до „Зегин“ и Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ за успешната организација и големо браво до сите учесници кои ја покажаа својата хуманост, стои во соопштението од општината.
Од Општина Аеродром, додаваат дека и во иднина ќе останат верен поддржувач на вакви настани со што се промовира здравиот начин на живот и се поттикнува солидарноста. бд/вг/
Фото: Општина Аеродром