• вторник, 25 март 2025

Собрание: Одложувањето на активностите е одраз на волјата на сите пратенички групи за делување во период на национална жалост

Собрание: Одложувањето на активностите е одраз на волјата на сите пратенички групи за делување во период на национална жалост

Скопје, 25 март 2025 

Во врска со неточните информации и широко распространетите обвинувања за одложување на работата на Собранието минатата и оваа недела, појаснуваме дека ваквата одлука е донесена како резултат на согласност на сите присутни пратенички групи на координативната средба одржана на 24.03.2025 година.

Привременото одложување на активностите на Собранието беше гест на почит кон трагедијата во Кочани, каде што животот го загубија млади луѓе и израз на солидарност со семејствата на жртвите и со сите граѓани погодени од оваа катастрофа.

Повторуваме дека оваа одлука не е резултат на какво било индивидуално или еднострано политичко одлучување, туку е одраз на заедничката институционална волја на сите пратенички групи да дејствуваат со чувствителност во момент на национална жалост.

Собранието ќе продолжи со работа следната недела.

Кабинет на Претседател на Собрание на РСМ

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото МИА архива

Остани поврзан