• недела, 21 декември 2025

Собранието ќе ја одржи 126 седница

Собранието ќе ја одржи 126 седница

Скопје, 29 септември 2023 (МИА) - Во Собранието на Северна Македонија денеска треба да продолжи 126. пленарна седница. 

На дневен ред како неразгледани точки останати се ратификации, како и измените на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Предлог-измените на Законот за здравствена заштита. 

Пратениците ќе треба да ги разгледаат и Предлог одлуката за распределба на средства меѓу буџетските корисници, како и Законот за извршување на Буџетот за 2023 година, кои денеска се на дневен ред и на Законодавно-правната комисија. бак/лв/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан