• вторник, 17 декември 2024

Смилеска: Се санира дефект на водоводната мрежа за да профункционира повторно греењето во прилепската болница, мазут има доволно

Смилеска: Се санира дефект на водоводната мрежа за да профункционира повторно греењето во прилепската болница, мазут има доволно

Прилеп, 23 ноември 2022 (МИА) - Прилепската болница се обидува да го санира дефектот  на водоводната мрежа за да профункционира системот за греење кој не е во функција две недели. Болницата има доволно мазут за непречено греење.

Според Кети Смилеска, директор на општата болница со проширена надлежност „Борка Талески“ не е доведена во прашање грижата за пациентите и вработените, зашто просториите се загреваат со доволно грејни тела.

- Уште во летниот период во два наврата, набавивме 20 и 35 тони мазут, вкупно 55 тони, доволно за загревањето на просториите на болницата за наредниот период, до февруари. Кога почна грејната сезона го испробувавме системот, се случи дефект на главната водоводна мрежа, онаа која го напојува системот за греење. Главната водоводна мрежа била стара 40-тина години и непроменета. Веднаш почнавме постапка за санирање. Затоа во овие моменти котларницата не е функционална. очекувам во најскоро време, во текот на утрешниот ден дефектот целосно да се санира и да почне да функционира котларницата. Во моментов во болницата има дополнителни грејни тела и ниту еден пациент не се наоѓа во просторија која не е затоплена. Сите пациенти се во просториите каде има дополнително греење, изјави Смилеска.

Ситуациујата е ваква две недели поради постапката. Инаку, грејната сезона почна на 15 октоври.

Болницата ќе набави уште 25 тони мазут, постапката е во тек и со вкупно 75 тони мазут ќе биде доволно за целата грејна сезона.

Ова е одговор од прилепската болница по партиската реакција на општнскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој на прес-конференција пред болницата реагираше за состојбите зашто, како што беше речено, граѓани им се обраќале и реагирале на состојбата со греењето во  болницата.ем/

 

Остани поврзан