Словачкиот парламент усвои закон против невладините организации
- Словачкиот парламент денеска усвои закон за кој критичарите тврдат дека ќе биде штетен за многу невладини организации.

Братислава, 16 април 2025 (МИА) – Словачкиот парламент денеска усвои закон за кој критичарите тврдат дека ќе биде штетен за многу невладини организации.
Законот го изготвија членовите на владејачката коалиција, а го одобри владата на популистичкиот премиер Роберт Фицо, кој често напаѓа невладини организации, пренесе Бета.
Организаторите на протестот во Братислава против законот тврдат дека нацртот е инспириран од рускиот закон, кој според нив „овозможува ликвидација на граѓанскиот сектор и претворање во криминалец на секој кој не е лојален на режимот“.
Владата соопшти дека законот е наменет за потранспарентно финансирање и функционирање на граѓанските групи.
Пратениците лојални на Фицо направија отстапки во последен момент отстранувајќи некои контроверзни делови од нацртот, вклучително и одредба дека невладините организации ќе се сметаат за лобисти без да дадат јасна дефиниција за тоа што е лобирање.
Во анализата на непрофитната организација „Виа Јурис“ се вели дека законот го крши уставот, вклучително и правото на приватност, слободата на изразување и правото на слободно здружување, како и правилата на Европската унија.
„Целта на законот е стигматизирање и ограничување на активностите на граѓанските групи“, се наведува во анализата. јт/
Фото: МИА архива