• петок, 03 мај 2024

Следните денови сончево, со пораст на температурите

Следните денови сончево, со пораст на температурите

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - Во следните денови ќе се задржи сончево време со умерена облачност и пораст на температурите, особено за време на викендот и почетокот на следната седмица, најавуваат од УХМР. 

До недела ќе дува слаб, повремено засилен северен ветер.

Времето денеска е сончево со мала, а попладне до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец, со температура до 22 степени целзиусови. сст/дма/

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан