• вторник, 03 декември 2024

Славески обвинува за опструкции од Арсовска и грдската администрација, советничката Витина го обвини дека го прекршил Деловникот

Славески обвинува за опструкции од Арсовска и грдската администрација, советничката Витина го обвини дека го прекршил Деловникот

Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески вечерва изјави дека се соочува со големи опструкции од страна на градоначалничката и администрацијата на Град Скопје, при носењето и извршувањето на одлуки.

-По иницијатива на Град Скопје и мислење на градоначалник по пет часовна расправа, продуктивна, сега знаете секогаш може да има и поинакви дискусии, беше усвоен заклучок со гласање од страна на мнозинството членови на Совет со кој што се задолжи градоначалник да изврши измени во одлуката за исплата на надоместокот за изминат километар, тарифата за изминат километар на приватните превозници, тврди Славески.

Тој посочи дека е факт оти во меѓувреме, од 2017 година многу работи се променети и нивните барања се оправдани и го изнесе својот став дека одлуката била донесена.

-Во моментот на гласањето некаде околу една минута, јас ја молев службата да ги изброи гласовите, стоеја советниците тоа може да се види од снимката со дигнати раце и тие имаа забрана да ги бројат гласовите. Мислам тоа може многу лесно да се провери. Не остана ништо друго, туку јас самиот да избројам. Во меѓувреме нели советниците од СДСМ кажаа дека нема да прават кворум, ќе го растурат кворумот, неуспеаа во тоа, може и тоа да се провери да се изброи, така што донесена е одлуката. Јас тука чекам во мојот кабинет, во мојата канцеларија во Советот на Град Скопје од 17:00 часот, еве сега помина 19:30 часот, да ми се донесе на потпис заклучокот за да го проследам официјално до градоначалникот Арсовска. Уште една опструкција до овој момент, заклучокот не е донесен, јас ќе продолжам да чекам затоа што мислам дека тоа ми е обврска. За ова сакав да ве известам, решен е се надевам еден проблем од страна на советниците, сега треба да постапува градоначалникот Арсовска, рече Славески.

По завршувањето изјавата на Славески, пред медиумите пристапи советничката Ирена Витина за и таа да даде изјава. Славески, на тоа реагираше, но сепак Витина го искажа својот став, дека, како што рече „одлуката не била донесена, оти не биле исполнети деловничките услови“.

Советничката во Град Скопје Ирена Витина ја оквалификува како неточна изјавата на претседателот на Советот на градот Трајко Славески во врска со иницијативата за зголемување на надоместот на

-Одлуката не е донесена. Денеска во Советот на Град Скопје се случи грубо кршење на Деловникот, на статустот на Градот Скопје. Се донесе одлука која што не е законска, За да се донесе една одлука во Советот на Град Скопје потребно е да има мнзоинство од 23 советници. Вие бевте сведоци бидејќи седниците се јавни, од сите советнички групи освен од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која слепо ги слушаше насоките на претседателот на Советот, имаше негодување дека ние не се согласуваме со заклучокот кој што го предложи Претседателот на Совет, бидејќи иницијативата беше поднесена од советникот Горан, и во таа иницијатива беше побарано да отвориме дискусија, да ги задолжиме службите во Градот Скопје, заедно со нас како советници, заедно со претставниците на приватните превозници и на ЈСП, да се отвори расправа, да се побараат сите релевантни податоци и согласно критериумите да се направи измена која е потребна, за да се утврди точно по методологија, колку треба да се покачи цената за километар за приватните превозници, вели Витина.

Таа посочи дека од страна на мнозинството, на ВМРО-ДПМНЕ, пак, дошле со договорена одлука, пр-стратегија дека носат одлука со која, вели, ќе го спасат Градот Скопје и граѓаните, без да појаснат како дошле до цената од дополнителни 30 денари. Со ова, рече таа, не се согласиле останатите советници, кои побарале да се прекине седницата, а од СДСМ побарале пауза, и процедурално да се обратат, но претседателот на Советот не ги прифатил овие барања, и одлуката неделовнички ја ставил на гласање и била донесена со 17 советници кои биле во салата, наместо потребните 23 советници.

-Јас не можам да се согласам со 30 денари. Што ако цената е помала од 30 денари, што ако е 25 денари, 5 денари малку ни се гледаат, но во сумите кои што се исплаќаат тоа е противправна корист и оштетување на буџетот на Градот, рече Витина и обвини дека со ваквиот однос на мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ и без согласност од другите пратенички групи кризата само се продлабочува. вг/аа/

Фото: МИА/МИА Архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан