Слаб снег на Попова Шапка и Стража
- Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка и Стража, соопшти ЈП Македонијапат.

Скопеј, 15 јануари 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка и Стража, соопшти ЈП Македонијапат.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. дма/ац/
Фото: МИА архива