• понеделник, 23 декември 2024

Скопје домаќин на Министерска конференција за одржливо управување со миграции

Скопје домаќин на Министерска конференција за одржливо управување со миграции
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - Скопје денеска и утре е домаќин на Министерската конференција за одржливо управување со миграции во Западен Балкан во организација на Министерството за внатрешни работи и Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ). Во рамки на конференцијата, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како што најавуваат од ресорното Министерство, ќе оствари повеќе билатерални средби со колегите од регионот. За денеска попладне е најавена средба на Спасовски со министерот за безбедност на Босна и Хецеговина, Селмо Цикотиќ, а утре со првиот заменик премиер и министер за внатрешни работи на Чешката Република, Вит Ракушан и со министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ. бак/сп/

Остани поврзан