• петок, 20 јуни 2025

Скопјанец приведен за одземање предмет од казино и физички напад врз вработена

Скопјанец приведен за одземање предмет од казино и физички напад врз вработена

Скопје, 18 мај 2025 (МИА) - Триесет и тригодишен скопјанец со иницијали А.Ќ., вчера во 18:10 часот бил лишен од слобода поради сомнение дека околу 17:20 часот во казино на подрачјето на Центар, одзел предмет и физички ја нападнал вработената, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Кај него биле пронајдени марихуана и одземеното.

- Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакнуваат од МВР. бд/вј/

Фото: Министерство за внатрешни работи / „Фејсбук“

Остани поврзан