• вторник, 14 април 2026

АПРЗ на директни средби со земјоделци во повеќе населени места во државата

АПРЗ на директни средби со земјоделци во повеќе населени места во државата

Битола, 25 март 2026 (МИА) - Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), како јавен советодавен сервис во земјоделството, почна со серија информативно-едукативни средби со земјоделските производители директно на терен.

Од АПРЗ со седиште во Битола информираа дека до крајот на идниот месец ќе бидат посетени повеќе од 250 населени места во руралните средини.

-Средбите со земјоделците ги реализираат наши стручни тимови и се во период кога започнуваат активностите во земјоделството, особено во растителното производство, а истовремено стартуваат подготовките за претстојната вегетациска сезона. Согласно распоредот, ќе бидат опфатени и одгледувачите на добиток и пчеларите, потврдија од АПРЗ со седиште во Битола.

Тимови на АПРЗ денеска се во битолското село Егри и во Кривогаштани, утре во Могила, а во петок во преспанското село Езерани.

-На средбите препорачуваме совети кои се соодветни или во зависност од населеното место и агрокултурите што се негуваат. Секако информираме и за генералните теми како што се водење евиденција за добра земјоделска
практика, информации за Програма за финансиска поддршка и активната програма за рурален развој, но и за дигитализација во земјоделството, во одредени средини ќе говориме за производство на пченка, во други средини за интензивно овоштарство, пролетна и зимска заштита на јаболко, информација за потребите на храна за пипер од расадување до берба и други теми, посочија од АПРЗ.

На средбите меѓу тимовите на АПРЗ и земјоделците ќе се зборува и за тековни проблематики во земјоделството. мт/вг/

Фото: АПРЗ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан