• петок, 22 ноември 2024

Сиљановска Давкова: Постои замор од проширувањето, но уште поголем е од чекањето, ЕУ треба да го вклучи Западен Балкан

Сиљановска Давкова: Постои замор од проширувањето, но уште поголем е од чекањето, ЕУ треба да го вклучи Западен Балкан

Скопје, 13 јуни 2024 (МИА) - Свесни сме дека постои замор од проширувањето, но постои и уште поголем замор со чекањето. Затоа во својство на претседавачи на ПСЈИЕ ги охрабрувам европските партнери да останат доследни, кредибилни и принципиелни кон европската идеја. Не е доволно да велите дека ЕУ е недовршена приказна и недовршена симфонија без Западниот Балкан, туку треба во оркестарот да го вклучите и Западниот Балкан, треба и тој ноти да пишува и да учествува во европските работи, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова на завршната прес-конференција на состанокот на ПСЈИЕ во Скопје. 

- Визијата за ЕУ не одржува во кондиција и во реформите. Ни помага на европски начин да ги затвораме отворените билатерлани прашања, рече Сиљановска Давкова. 

Македонската претседателка кажа дека исклучително е важно членките на ЕУ кои се дел од Партнерството за соработка во ЈИЕ да ги поддржат земјите од Западен Балкан на европскиот пат.

Денешниот состанок таа го оцени како мошне позитивен и им се заблагодари на поранешниот претседател Стево Пендаровски и на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кои беа вклучени во овој процес. 

Од 1 јули Албанија го презема претседавањето со ПСЈИЕ. Албанскиот претседател Барјам Бегај истакна дека неговата земја останува проактивен поддржувач на регионалната соработка.и дека тие ќе се фокусираат на прашања поврзани со ЕУ, економска стабилност, зелена и дигитална агенда, култура, туризам и поврзување.

На прес-конференцијата зборуваше и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, чија земја претседаваше со организацијата пред Северна Македонија. ев/са/

ФОТО: МИА

 

Остани поврзан