• четврток, 21 ноември 2024

Сиљановска Давкова-Орбан: Како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ

Сиљановска Давкова-Орбан: Како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на која се разговарало за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, како на политички, така и на економски план, и за македонските аспирации за членство во Европската Унија.

На средбата, како што соопшти претседателскиот Кабинет, било констатирано дека Унгарија останува силен поддржувач на македонските евроинтеграции и во тој контекст Сиљановска Давкова изразила благодарност за поддршката што Унгарија ја дава во повеќе области, вклучувајќи ги европските аспирации на нашата држава, како и фактот што прашањето за проширувањето е високо на агендата на тековното унгарско претседателство со Европската Унија.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова истакнала дека како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ и изразила надеж за фер процес на пристапување во ЕУ што ќе го почитува дигнитетот на македонските граѓани. нд/вј/

Фото: Кабинет претседател

Остани поврзан