Сириски бегалци се враќаат од Турција по падот на Асад
- Сириските граѓани кои побегнале во Турција за време на граѓанската војна почнаа да се враќаат во својата татковина по падот на режимот на Башар ал-Асад, јавува Анадолија.

Анкара, 9 декември 2024 (МИА) - Сириските граѓани кои побегнале во Турција за време на граѓанската војна почнаа да се враќаат во својата татковина по падот на режимот на Башар ал-Асад, јавува Анадолија.
На граничниот премин Џилвегозу во провинцијата Хатај денеска се создадоа големи гужви. Сириските граѓани чекаат на царински проверки.
Повеќе жители се упатија кон своите родни градови како Дамаск и Хама, изразувајќи радост што конечно се враќаат по повеќе од една деценија. ссм/
фото: ЕПА