• понеделник, 23 декември 2024

Сирил Бомгартнер: Посебна свеченост за јубилејот 30 години француско-македонска соработка

Сирил Бомгартнер: Посебна свеченост за јубилејот 30 години француско-македонска соработка

Битола, 29 септември 2023 (МИА) - Република Франција и Република Северна Македонија годинава одбележуваат 30 години дипломатски односи и големиот јубилеј ќе го прославиме со посебна програма, изјави за МИА, францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер.

Како што во бракот, заедништвото се слави со бисери, така и ние ќе прославуваме со повеќе настани, бисери поврзани меѓу себе, потврди амбасадорот Бомгартнер.

-Ние, оваа година во месец декември ќе ја славиме 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете земји. Во еден брак кога се слават 30 години заедништво, тоа се слави со бисери. Ние сакаме да направиме еден единствен настан кој ќе поврзи повеќе бисери меѓусебе. Сакаме тоа да биде во рамки на традицијата, а во исто време да има призвук на модерно, современо. На свеченостите ќе има ликовна уметност, но и настани во живо. Сакаме да биде богато со смисла, како што е пријателството меѓу нашите две земји, изјави Бомгартнер.

Амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер, во име на соработката со МИА, го честиташе денешниот јубилеј на државната новинска агенција, МИА – 25 години постоење. мт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан