Синер го победи де Минор и триумфира во Ротердам
- Носителот број 1 во главната ждрепка на турнирот во Ротердам, Јаник Синер ја освои титулата на натпреварувањето откако го совлада Алекс де Минор со 7:5, 6:4.

Ротердам, 18 февруари 2024 (МИА) - Носителот број 1 во главната ждрепка на турнирот во Ротердам, Јаник Синер ја освои титулата на натпреварувањето откако го совлада Алекс де Минор со 7:5, 6:4.
За 22-годишниот Синер ова е втор трофеј во годината, откако го освои првиот Гренд слем турнир во 2024 година - Австралија Опен.
Следниот турнир за Италијанецот е дури на првиот Мастерс 1000 за годината во Индијан Велс, кој започнува на 4 март.дс
Фото: Фејсбук/АБН АМРО Опен