• понеделник, 23 декември 2024

Синдикалната минимална кошница во март 32.941 денар

Синдикалната минимална кошница во март 32.941 денар
Скопје, 7 април 2020 (МИА) - На едно четиричлено семејство во март оваа година му биле потребни минимум 32.941 денар за да ги задоволи основните потреби. Според минималната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија, најмногу пари или 13.888 денари биле потребни за храна, додека за комунални трошоци и покуќнина требало да се одвојат минимум 10.421 денари. За лична хигиена и за хигиена на домот на едно семејство му биле потребни минимум 2.355 денари, а за превоз 2.363 денари. За облека и обувки биле потребни 2.136 денари, за културни активности 1.066 денари, а за здравје 708 денари. ир/са/

Остани поврзан