Симон Трпчески по повод ослободувањето на Делчево ќе го претстави Интернационалниот музички проект МАКЕДОНИСИМО
- Во чест на 80-годишнината од ослободувањето на градот, утре (06.09.24) концерт во Делчево ќе одржи познатиот македонски пијанист Симон Трпчески. Пред делчевската публиката Трпчески и пријателите ќе го претстават Интернационалниот музички проект МАКЕДОНИСИМО.
Делчево, 5 септември 2024 (МИА) - Во чест на 80-годишнината од ослободувањето на градот, утре (06.09.24) концерт во Делчево ќе одржи познатиот македонски пијанист Симон Трпчески. Пред делчевската публиката Трпчески и пријателите ќе го претстават Интернационалниот музички проект МАКЕДОНИСИМО.
Концертот ќе се одржи на летната сцена во Градскиот парк во Делчево со почеток во 20 часот.
Настанот е во организација на Општина Делчево во соработка со КултурОп, под покровителство на Министерството за култура. вс/
Фото: Општина Делчево