Симонс сака да се пресели во Челзи, и покрај интересот за него од Баерн и Манчестер сити
- Фудбалерот на Лајпциг, Чави Симонс е блиску до преселба во Челзи, објавува „ESPN“.
Лондон, 18 август 2025 (МИА) – Фудбалерот на Лајпциг, Чави Симонс е блиску до преселба во Челзи, објавува „ESPN“.
Дваесет и двегодишниот Холанѓанец им кажал на раководството на клубот дека сака да се пресели во Челзи, и покрај интересот што за него го покажуваат Баерн Минхен и Манчестер сити.
Во сезоната 2024/25, Симонс одигра 33 натпревари, постигнувајќи 11 гола и 8 асистенции.
Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 70 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА