• четврток, 23 мај 2024

Симеоне: Имам добро чувство дека ќе одиграме одличен натпревар на реваншот со Борусија

Симеоне: Имам добро чувство дека ќе одиграме одличен натпревар на реваншот со Борусија

Дортмунд, 16 април 2024 (МИА) – Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, со оптимизам го очекува реваншот со Борусија Дортмунд во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони.

Првиот натпревар одигран во Мадрид заврши со победа на шпанскиот претставник со 2:1.

- Работиме напорно и остваривме значајни резултати сезонава. Пораснавме во фудбалскиот свет. Треба да играме и да не размислувате премногу. Имам добро чувство дека моите избраници ќе одиграат одличен натпревар. Нè очекува добра вечер во Лигата на шампионите. Имаме собрано многу искуство од вакви натпревари. Кој ќе успее да биде подобар, ќе продолжи понатаму, изјави Симеоне.

Натпреварот помеѓу Борусија и Атлетико Мадрид ќе се одигра во Дортмунд вечер со почеток во 21 часот. 

Последен пат Атлетико во полуфинале на Лигата на шампионите играше пред седум години. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан