• сабота, 15 јуни 2024

Симеоне блиску до продолжување на договорот со Атлетико

Симеоне блиску до продолжување на договорот со Атлетико

Мадрид, 30 октомври 2023 (МИА) - Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е блиску до продолжување на договорот со клубот.

Според „Cope“ тренерот ќе потпише договор со мадридскиот клуб на уште три години. Договорот ќе содржи клаузула според која страните можат предвреме да ја прекинат соработката доколку резултатите се неуспешни.

Симеоне го води Атлетико Мадрид од 2011 година. Неговиот актуелен договор е до средината на 2024 година.

По 10 кола во Ла Лига, Атлетико Мадрид се наоѓа на третото место во поредокот со 25 бода, три помалку од Реал Мадрид и Џирона. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан