Силните ветрови предизвикаа прекин на снабдувањето со електричната енергија во Сао Паоло
- Во невремето нема повредени луѓе. Ветерот на места достигна брзина од сто километри на час
Бразилија, 12 декември 2025 (МИА) – Поради невремето и силните ветрови повеќе 1,4 милиони жители на бразилскиот град Сао Паоло синоќа останаа без електрична енергија.
Во невремето нема повредени луѓе. Ветерот на места достигна брзина од сто километри на час.
Поради невремето откажани се речиси 400 летови од аеродромот Конгонхас и од меѓународниот аеродром Гуарулхос. ми/мс/
фото: МИА архива