• понеделник, 25 ноември 2024

Силниот земјотрес во Авганистан, почуствуван во седум држави

Силниот земјотрес во Авганистан, почуствуван во седум држави

Кабул, 21 март 2023 (МИА) -  Во земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала што го погоди северен Авганистан загина најмалку едно лице во соседен Пакистан и предизвика силни потреси во северните делови на двете земји, соопшти денеска Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот бил на длабочина од 194 километри, а неговиот епицентар бил во планинскиот венец Хинду Куш, во близина на оддалечената северна авганистанска провинција Бадакшан.

Тринаесетгодишно девојче загина откако ѕид во нејзиниот дом се урна врз неа, а 34 лица се повредени во северниот пакистански округ Сват, изјави полицискиот претставник Шафиула Гандапур.

Официјални лица за катастрофи во Авганистан соопштија дека засега нема податоци за други жртви.

Властите и хуманитарните работници соопштија дека многу силни потреси биле почувствувани во Бадакшан и во другите северни области. Портпаролот на Црвениот крст рече дека немаат достапни податоци за штетите во главниот град Бадакшан, но проверуваат други области.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил почувствуван на површина од 1000 километри од околу 285 милиони луѓе во Пакистан, Индија, Узбекистан, Таџикистан, Казахстан, Киргистан, Авганистан и Туркменистан.

Големи делови од Јужна Азија се сеизмички активни бидејќи тектонската плоча позната како Индиска плоча притиска на север кон Евроазиската плоча.

Минатата година во земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер во источен Авганистан загинаа повеќе од 1.000 луѓе. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан