• понеделник, 22 јули 2024

Министерот за информации на Сиера Леоне рече дека нападот извршен викендот бил неуспешен обид за државен удар

Министерот за информации на Сиера Леоне рече дека нападот извршен викендот бил неуспешен обид за државен удар

Фритаун, 28 ноември 2023 (МИА) - Министерот за информации на Сиера Леоне, Чернор Бах, рече дека нападот извршен завчера врз неколку згради во главниот град Фритаун бил неуспешен обид да се собори владата.

Тој истакна дека 13 војници и еден цивил се уапсени по нападот.

- Она што се случи беше неуспешен обид за државен удар. Намерата беше незаконски да се поткопа и собори демократски избраната влада. Обидот не успеа и многу од лидерите се уапсени или се кријат, а ние ќе се обидеме да ги фатиме за да одговораат пред законот на Сиера Леоне, кој ќе се применува со сета своја строгост“, рече Бах на прес-конференција. рп/

Фото: Википедија

Остани поврзан