• недела, 19 мај 2024

Си-ен-ен: ФБИ истражува злонамерен кибернапад врз својата мрежа

Си-ен-ен: ФБИ истражува злонамерен кибернапад врз својата мрежа
   
   

Вашингтон, 17 февруари 2023 (МИА) - Американското Федерално истражно биро (ФБИ) во изминатите денови истражува и работи на сузбивање злонамерен кибернапад врз дел од неговата компјутерска мрежа, јави денеска Си-ен-ен, повикувајќи се на добро информирани извори.

Официјални лица на ФБИ веруваат дека инцидентот го вклучува компјутерскиот систем на бирото што се користи во истрагите на фотографии од сексуална експлоатација на деца, посочија два извора. ФБИ работи на добивање повеќе информации, велат изворите, додавајќи дека ова е изолиран инцидент и дека се истражува изворот на хакерскиот напад.

Изворите забележаа дека во кибернападот била вклучена теренската канцеларија на ФБИ во Њујорк, една од најголемите и највисоките канцеларии на бирото.

Во ноември 2021 година, хакерите користеа легитимна адреса за е-пошта, која ФБИ ја користи за да комуницира со државните и локалните агенции за спроведување на законот, за да испратат лажни е-пошти до илјадници организации за наводна кибер закана.

ФБИ тогаш соопшти дека поправил софтверски пропуст поврзан со инцидентот, но бирото допрва треба јавно да именува осомничен. паг/

Остани поврзан