• понеделник, 22 јули 2024

Си-Ен-Ен: Британија им помага на САД но активно не пресретнува ирански дронови

Си-Ен-Ен: Британија им помага на САД но активно не пресретнува ирански дронови

Лондон, 14 април 2024 (МИА) – Велика Британија не распоредува активно средства за пресретнување на ирански дронови, туку обезбедува пополнување за американските средства кои се прераспоредени од операциите против ИСИС во Ирак, Сирија и Либан, изјавил извор за Си-Ен-Ен.

Ако ирански дрон или ракета влезе директно на таа територија, Велика Британија ќе оперира таму, но изворот рече дека ова не треба да се гледа како заедничка операција.

Официјален претставник на израелската одбрана за военото радио претходно изјавил дека повеќе од 100 ирански дронови веќе се пресретнати вон израелскиот воздушен простор, од стотиците истрелани кон Израел.

Како што пренесе Тајмс оф Израел, во извештајот се вели дека дроновите биле соборени од САД и Велика Британија. јт/

Остани поврзан