• петок, 30 август 2024

СЗО: Околу 1,2 милиони дози вакцини против детска парализа доставени во Појасот Газа

СЗО: Околу 1,2 милиони дози вакцини против детска парализа доставени во Појасот Газа

Женева, 30 август 2024 (МИА) - Околу 1,2 милиони дози вакцини против детска парализа веќе се доставени во Појасот Газа, изјави Рик Пеперкорн, претставник на Светската здравствена организација (СЗО) за окупираните палестински територии.

Според него, околу 400.000 дополнителни дози се на пат кон Појасот Газа.

Израелската војска и палестинската милитантна група Хамас се согласија на три одделни тридневни паузи во борбите во различни делови на Појасот Газа за да дозволат околу 640.000 деца да бидат вакцинирани против детска парализа, рече Пеперкорн. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан