• сабота, 13 јули 2024

СЗО: Жена од Кина прва жртва на тип птичји грип

СЗО: Жена од Кина прва жртва на тип птичји грип

Сите овие случаи се во Кина, а првите два се пријавени минатата година.

Центарот за контрола и превенција на болести за провинцијата Гуангдонг кон крајот на минатиот месец пријави трето заразено лице, но не беа објавени детали за смртта на жената.

Според податоците на СЗО, пациентот имал хронични заболувања и бил изложен на живина.

Спорадичните случаи на птичји грип кај луѓето се чести во Кина, каде вирусот постојано циркулира кај големи јата диви птици. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан