• недела, 22 декември 2024

СЗО донесе резолуција со која се бара итен медицински пристап до Газа

СЗО донесе резолуција со која се бара итен медицински пристап до Газа

Женева, 10 декември 2023 (МИА) - Извршниот одбор на Светската здравствена организација (СЗО) денеска со консензус усвои резолуција со која се повикува на итна хуманитарна помош за Газа.

Извршниот одбор на СЗО се состана на итна седница за да разговара за она што нејзиниот генерален директор, Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека е здравствена катастрофа, со многу повредени и висок ризик од болести, објави Би-Би-Си.

Резолуцијата повикува на итен и непречен пристап до помошта и на оние кои се борат да го почитуваат меѓународното право. Ова значи дека нема напади врз болници или здравствени работници.

Исто така, потребно е сите затвореници, заложници и Палестинци, да имаат пристап до медицинска нега.

СЗО предупреди дека условите на резолуцијата ќе биде практично невозможно да се исполнат без прекин на огнот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан