Се чистат од снег патиштата кон Кучково и Грачани во Општина Ѓорче Петров
- Екипите на Општина Ѓорче Петров од раните утрински часови се активно ангажирани за расчистување на патиштата кон Кучково и Грачани. Надлежните служби се грижат за безбедноста и непреченото движење на граѓаните.
Скопје, 25 декември 2025 (МИА) - Екипите на Општина Ѓорче Петров од раните утрински часови се активно ангажирани за расчистување на патиштата кон Кучково и Грачани. Надлежните служби се грижат за безбедноста и непреченото движење на граѓаните.
Како што информира Општина Ѓорче Петров, градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека безбедноста и удобноста на жителите се врвен приоритет за општината и дека службите остануваат на терен се додека целосно не се обезбеди нормално функционирање на сообраќајот.
- Будно ги следиме условите на терен и навремено реагираме на секоја состојба. Благодарност до сите граѓани за трпеливоста и разбирањето, порача градоначалникот Стојкоски.
Општина Ѓорче Петров нагласува дека остануваат посветени на континуирано унапредување на условите за живот и создавање сигурна инфраструктура за своите граѓани. мд/
Фото: Општина Ѓорче Петров