• петок, 22 ноември 2024

Се уредуваат влезовите на зградите во штипска Автокоманда

Се уредуваат влезовите на зградите во штипска Автокоманда

Штип, 28 септември 2023 (МИА) - Асфалтен слој ќе добијат и влезовите пред станбените згради во штипската населба Автокоманда. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека денеска започнаа подготовките, а во наредниот период се очекува да започне и асфалтирањето. Посочи дека со овие активности на терен се реагира на уште едно барање на граѓаните во Штип.

-Овде се врши припрема на пристапните улици до станбените згради на главните улици „Панче Караѓозов“ и „Широк Дол“. Станува збор за јавна површина која служи за пристап до станбените згради и е со оштетен асфалт. Одлучивме во наредните денови да се направи припрема, а потоа да се нанесе и асфалт. Ќе се постават и канделабри, вели Јорданов.

Редно време беше нешто да се промени велат станарите. Додаваат дека во последните 40 години ништо не е променето и дека повеќе од потребно било асфалтирање на просторот без влезовите во станбените згради. Јорданов истакна дека до крајот на оваа или најдоцна почетокот на наредната година ќе се асфалтираат уште две улици во оваа населба со што ќе се заокружи реконструкцијата на улиците овде.

-По завршувањето на овие активности ќе останат уште две улици кои не се направени во Автокоманда, а тоа се „Широк дол“ и „Цвета Јованова“. Се надевам дека до крајот на оваа или почетокот на наредната година ќе бидат реконстурирани, рече Јорданов.

Во зависност од зимата и дневните температурти ќе се одвиваат активностите на терен потенцираше Јорданов. Дециден е дека ќе се работи се додека дозволуваат временските прилики. вдј/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан