• недела, 22 декември 2024

Се санира штетата од невремето во Росоман

Се санира штетата од невремето во Росоман

Скопје, 18 јуни 2023 (МИА) - Со средства од Општина Росоман се санира штетата која настана од вчерашното невреме во селата Трстеник и Дебриште во Росоман, информираат од Центарот за управување со кризи.

- РЦУК - Велес, известува дека согласно информациите добиени од rаководителот на Општнскиот штаб за Заштита и sпасување на oпштина Росоман од вчерашнот невреме кое го зафатен и дел од oпштина Росоман, поточно село Трстеник каде што од поројните дождови имаше поплавено неколку подрумски простории кои ги санираа самите граѓани. Исто така во во тој реон беше зафатено и село Дебриште, стои во соопштението од ЦУК.

Оттаму дополнуваат дека Дебреште се наоѓа во ридско планинскиот предел и во овој реон има поплавено неколку подрумски простории, а како последица на невремето делумно е оштетен пат кој се наоѓа на крајот од селото.

-На лице место биле екипи од ЕЛС Росоман која извршила увид на настанатите штети и од нив сме известени дека ќе бидат санирани со сили и средства од општина Росоман, дополнуваат од ЦУК. ар/вј/

Фото: ЦУК

Остани поврзан