• петок, 05 декември 2025

Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник

Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник

Скопје, 4 јуни 2025 (МИА) - Предлозите на Владата за нов министер за здравство и нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во понеделник ќе се најдат пред пратениците.

Собранието  54-та седница во овој состав ја закажа за понеделник во 11 часот, а пратениците ќе расправаат за предложените имиња на овие функции.

Азир Алиу е предложен за министер за здравство, а за заменик министерската позиција во земјоделство предложен е Албрим Хоџа.
 
Азир Алиу е поранешниот министер за информатичко општество и администрација и е дел од Алијансата за Албанците која останува во коалицијата „ВРЕДИ“, по оставката од 15 мај годинава на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција.фф/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан