• вторник, 22 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Дебар утревечер ќе се запрашува против комарци, пчеларите да ги заштитат пчелите

Во Дебар утревечер ќе се запрашува против комарци, пчеларите да ги заштитат пчелите

Дебар, 4 јуни 2025 (МИА) - Општина Дебар информираше дека од утре од 18 до следниот ден во 6 часот наутро, ќе се реализира програмско запрашување против комарци на подрачјето на општината.

Запрашувањето со апарат за УЛВ ладно запрашување ќе го вршат екипи на Друштвото за производство, трговија и услуги ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ кои ќе спроведат теристичка, од земја, дезинсекција со цел уништување на комарците.

Ќе бидат опфатени зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депонии и пограничниот појас, урбаната населба Дебар, како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата.

Се апелира пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови, како ветар, дожд, дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. вт/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан