• четврток, 25 јули 2024

Се решава долгогодишен канализациски проблем во Росоман

Се решава долгогодишен канализациски проблем во Росоман
Росоман, 27 јануари 2020 (МИА) - Се решава долгогодишен канализациски проблем во Росоман. -Во тек е изградба на крак за канализациска мрежа која ќе ги реши проблемите на спортската сала и приватните објекти кои се наоѓаат над спортската сала, над росоманското училиште. Со овој зафат се решаваат проблемите со канализација на овој дел од Росоман. Проблемот, освен за салата,  се надминува и за деловни објекти, откупен центар и семејна куќа. Проектот е во износ од 284.079 денари, информираат од росоманската локална самоуправа. Парите се обезбедени од општинскиот буџет, а активностите се реализираат во рамките на програмата за комунална изградба во општината. свд/ир

Остани поврзан