Без вода дел од Центар
- Од 09:45 часот без вода се корисниците на дел од улицата „Владимир Полежановски“ и улицата „Христо Смирненски“ во општина Центар, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Скопје, 2 февруари 2025 (МИА) - Од 09:45 часот без вода се корисниците на дел од улицата „Владимир Полежановски“ и улицата „Христо Смирненски“ во општина Центар, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Прекинот е поради уличен дефект на улицата „Владимир Полежановски 30“ во населбата Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. бак/
Фото: МИА архива