Магла утринава на неколку патни правци
- Намалена видливост поради магла утринава има на патните правци кај Неготино, Демир Капија, Охрид, Сарамзалино, Делчево и патниот правец Катланово - Велес. Видливоста, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, е до 100 метри.

Скопје, 2 февруари 2025 (МИА) - Намалена видливост поради магла утринава има на патните правци кај Неготино, Демир Капија, Охрид, Сарамзалино, Делчево и патниот правец Катланово - Велес. Видливоста, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, е до 100 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. бак/
Фото: МИА архива