• вторник, 29 октомври 2024

Се реконструира штипската улица „Крушевска Република“

Се реконструира штипската улица „Крушевска Република“

Штип, 29 октомври 2024 (МИА) - Почна реконструкцијата на улицата „Крушевска Република“ во штипската населба Баби. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека оваа улица води кон Филтер станицата за преработка на водата за пиење, а се користи и од страна на пешаци. Реконструкцијата се прави, поради оштетување на улицата, бидејќи изминатите месеци на овој потег се менуваше и старата главна водоводна линија, со што се реши проблемот со водоснабдување во населбата Баби.

-На делови од улицата „Крушевска Република“ е оштетен коловозот, асфалтот. Така да овие два зафати уредувањето на тротоарските површини и асфалтирањето на овој дел од улицата ќе се изврши во наредните денови. Инвестицијата е нешто повеќе од три милиони денари, изјави Јорданов.

Тој најави дека позавршување на оваа улица, во населбата Баби ќе се работи и на улиците „Лески“, „Мара Минанева“.

-Она што го предвидуваме во населбата Баби е и долгогодишното барање за поставување на еден мини пазар, во непосредна близина на Општинското основно училиште (ООУ) „Славејко Арсов“. Сите барања од граѓаните се разгледуваат и работиме во насока на урбанизирање и модернизирање на една од поголемите населби во нашиот град, рече Јорданов. вдј/са/

Фото: МИА

Остани поврзан