• вторник, 16 јули 2024

Се реконструира пробиштипската улица „3 Април“

Се реконструира пробиштипската улица „3 Април“

Штип, 16 февруари 2024 (МИА) - Започна со реализација проектот за целосна реконструкција на улицата „3  Април" во Пробиштип, соопшти денеска градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

Тој истакна дека овој проект опфаќа поставување на атмосферска канализација, изградба на тротоари, улично осветлување и асфалтирање. Со реконструкцијата се проширува и коловозот на шест метри и тротоари со 1,5 метри ширина.

-Со реализација на овој проект го решаваме проблемот за нормално одвивање на сообраќајот, којшто постоеше од претходно, а со тоа се зголемува и безбедноста на возачите и безбедноста на пешаците, вели Анастасов.

Посочи дека средства за овој проект во висина од близу 18 милиони денари општината ги има обезбедено од Министерство за транспорт и врски, додека економскиот оператор, којшто ги извршува работите е „Стојменов“ ДООЕЛ од Кочани, кој има рок за изведба до крајот на  мај. вдј/сст/

Фото: Општина Пробиштип 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан